Хуманитарна забава за малиот Иван Лекоски

0

Во недела на 12.12.2010 со почеток во 22 часот , хуманитарна забава за малиот Иван Лековски !

Локација:


Кафе Бар Инсомниа Враништа

Гости: Ѓоко Танески, Игор Узунов, Наде Талевска ,Billy Zver

Почитувани,

Иван Лекоски, роден 11.09.2006 година боледува од церебрална парализа и епилепсија, заради што Иван има заостанување во психо-моторниот развој , сеуште не зборува и не оди.

Од Декември 2009 година почнавме со АБР терапија во соработка со Белгискиот центар.Од тогаш досега кај Иван добивме прекрасни резултати, почна да оди на коленици , да се исправа и да стои задржувајќи се на делови од мебелот.Големо подобрување приметивме и во психичкиот развој.

Вежбите за АБР (Advanced Biomechanical rehabilitation ) ги добиваме 3 пати годишно, но два пати годишно плаќаме по 1520 евра.

Се ближи времето за следниот преглед и следната група на вежби, но ние не успеаве досега да собереме 1520 евра.

Не сакаме да се откажеме од терапијата бидејќи е единствена досега од која Иван има толку добри резултати.

Во прилог Ви испраќам фактура од АБР курсот како и писмо со кое од Белгискиот центар потврдуваат дека Иван е нивни пациент.

Bе молам доколку сте во можност финансиски да ни помогнете.

Иван заслужува шанса,помогнете ми да му ја дадам таа шанса.

Број на сметка 300007069067387 Комерцијална банка АД Скопје

Т Mobile : 070-143-102
VIP : 077-143-702

Ви благодарам на одвоеното време .

Од срце Ви благодарам на Вашето разбирање.

Foundation SoS “Srce od Srce”-Skopje,Macedonia

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: