Хуманитарна забава- Биди хуман, направи промена!

1
  • Partly Cloudy 52°F / 25°F
  • People to People International Skopje Community Chapter и Советодавниот Центар за Родители и Деца при општина Гази Баба ве покануваат на хуманитарната забава „Биди хуман, направи промена“. Оваа иницијатива е заедничка соработка помеѓу двете организации. Хуманитарниот настан го организираат средношколците што се дел од програмата Амбасадори на Мирот.

    Собраните средства од хуманитарната забава ќе бидат наменети за купување на телевизор и ДВД за децата што се членови во Советодавниот Центар за Родители и Деца што е дел од превентивната програма на СОС Детското Село. На настанот ќе може да уживате во :

    • Музички изведби од младинците што живеат во СОС Детското Село
    • Продажба на рачно изработен накит од децата- членови во Советодавниот Центар
    • Продажба на ногодишните картички од СОС Детското Село

    Бидете хумани и помогнете. Ве очекуваме во сабота(14.12) во Клубот на Новинари од 21:00 заедно да се дружиме и да им помогнеме децата од Советодавниот Центар да имаат подобри услови за работа.

    Цената за влезниот билет кој ќе можете да го купите на врата е 50 денари.

    ЗАБАВАТА Е ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА  People to People International – PTPI Skopje, Macedonia Community Chapter

    facebook страна на забавата https://www.facebook.com/events/1498174280407608/?source=1

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: