Хуманитарна РОК свирка@Тунел !

0

Повторно , уште една хуманитарна забава за Јоце !

Во среда на 22 декември 2010 со почеток во 21 часот – Кабаре ТУНЕЛ, хуманитарна забава !

Драги хумани Кумановки и Кумановци!

На 22-ри декември (среда) во Кабаре ТУНЕЛ ќе се одржи хуманитарна рок свирка за помош на нашиот другар Јоце (Јовица Блажевски) од Скопје, којшто има церебрална парализа и треба да собере средства за да се оперира во Русија. Секоја платена влезница со симболична цена од само 50 денари ќе оди директно за помош на Јоце, а нормално сите присутни хумани пријатели, познати и непознати ќе му бидат и огромна морална поддршка да продолжи кон поставената цел, а тоа е – да застане на свои нозе…

Бендови – поддржувачи на Јоце ќе бидат:
KURIDERS
One Time
We Need A Name

Придружете ни се и не заборавајте да ја земете хуманоста со себе! 🙂

Отворени се и броеви за донирање од нашите мобилни оператори, со секој повик може да донирате 100 ден. од вашата сметка:

T – Mobile : 070 143 106
Vip : 077 143 706

НИЕДНА ПОДДРШКА НЕ Е ПРЕГОЛЕМА И НИЕДНА ПОМОШ НЕ Е ПРЕМАЛА!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: