Хуманитарна изложба и аукција за Димитар Несторовски

4

На 13.03.2014 година со почеток во 20часот во арт кафе Концепт37 (Рузвелтова 37, Скопје) ќе се одржи хуманитарна изложба и аукција за помош на Димитар Несторовски.

Димитар Несторовски боледува од прогресивна мускулна дистрофија-Дишен (Dustrophio musculorum progrsiva DMD). Медицинскиот центар за матични клетки „Ву“ во Пекинг овозможува лекување на болеста со што би се спречилa нејзина натамошна прогресија, а четиринеделниот третман за операција, имплантација на матични клетки, физотерапија, медицински услуги, пат и сместување чини 40.000 долари.

Над 50-тина слики ќе бидат изложени. Сликите на изложбата ќе бидат донација од истакнатиот сликар Живко Поповски- Цветин, кој досега има изработено над 40.000 слики, 300 изложби во Македонија, Њујорк, Канада, Италија, Германија, Полска, Шведска, Романија, Србија, Хрватска и многу други. Негови дела се издадени на 14 поштенски марки, и на насловни стани на над 50 книги. На 30 годишнината од Струшките Вечери на Поезијата има донирано 3000 слики. Има подарено безброј слики на истакнати светски јавни личности, а како благодарност има добиено над 700 факсимили од Кофи Анан, Мајка Тереза, Бил Клинтон, Иво Санадер, Жак Ширак, Ричард Гир, Здравко Чолиќ и многу други.

Неговата животна порака гласи „На светот му се потребни мир, храна и солидарност“. Би сакале со оваа порака да Ве охрабриме да ни се придружите во овој повик за солидарност и заедно да се обидеме да му помогнеме на малиот Диме.

Изложбата (аукцијата) започнува на 13.03.2014, а ќе трае една недела, така што доколку не сте во мжност да присуствувате на отварањето, од се срце би Ве замолиле следните денови да поминете на кафе со Вашите пријатели и донирате за средства кои би ми помогнале на Диме.

Во меѓувреме сите Вие добри луѓе можете да донирате и на жиро сметката на НЛБ Тутунска Банка Трансакциска сметка 210700000613176 со назнака Димитар Несторовски – за донација.

и на броевите за донации:

VIP: 077/143-704

T-Mobile: 070/ 143-117

ONE: 075/143-666

Ви благодариме за Вашата хуманост!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: