Хуманитарна акција “Подари подарок-насмевни дете”

9

Во организација на родители на деца од ПОУ “Златан Сремец” во Скопје, се организира хуманитарна акција

“Подари подарок-насмевни дете”

Драги пријатели и пријателки,

Ајде да ја покажеме нашата хуманост на дело!

Ве информирам дека во тек е хуманитарна акција за децата со посебни потреби при едно посебно основно училиште во Скопје.

Станува збор за 122 деца, од I до VIII одделение на возраст од 6 до 16 години. Сакаме да ги израдуваме со мали поклончиња лично за дечињата а во нив ќе има: училишен прибор, играчки, друштвени игри. Ако сте во можност купете нови, но може да донесете и користени, секако ако се добро сочувани.

Донирање и подетални информации кај Ирена Коцева (https://www.facebook.com/ikiire) во приватна порака и на телефон 076 806 208

Акцијата трае до среда 28.11.2013 четврток, а потоа ќе ги пакуваме и ќе ги поделиме на децата со посебни потреби. Ќе има убаво дружење и изненадување со вашите деца и децата со посебни потреби во JUMBO игротека – Веро центар на 2 спрат на 30.11.203 сабота со почеток од 13 часот.

Организатор е Ирена Коцева и сите информации може да ја побарате на Фб

https://www.facebook.com/ikiire

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: