Хуманитарна акција “Отвори го срцето, подари детство”

6

 

Информација до медиумите:
Акција на Организација за социјална иновација СОЛИС
ОТВОРИ ГО СРЦЕТО, ПОДАРИ ДЕТСТВО
КИНО КАРПОШ , 3ти ноември 2012 од 12 до 01 часот
Почитувани новинари, почитувани медиуми,
Ви испраќаме информација за нашиот настан ОТВОРИ ГО СРЦЕТО, ПОДАРИ ДЕТСТВО
Организација за социјална иновација СОЛИС ве повикува во кафе КИНО КАРПОШ на
3ти ноември 2012 од 12 до 01 часот, на донаторска акција под наслов ОТВОРИ ГО
СРЦЕТО, ПОДАРИ ДЕТСТВО наменета за децата од домовите во нашиот град.
Ако детството за повеќето од нас претставува збир на убави спомени на кои
сентиментално се навраќаме, за други пак претставува трогателна приказна која
остава лузни. Да им подариме барем малку радост на овие дечиња со тоа што ќе им
донираме по некоја играчка, топка и било каков останат тип на забава, школски
прибор, музички инструменти, хигиенски средства, како и топла зимска облека. Да
им доловиме бар малку една нормална детска зима!
Своите донации можете да ги оставите во КИНО КАРПОШ на 3ти ноември 2012 од 12
до 01 часот.
Ова е втора од серијата акции на „СОЛИС“ кои ќе опфатат домови за деца и домови за
згрижување на стари лица.
Во прилог ви испраќаме постер за настанот. Дополнителни информации за настанот
на фејсбук страната https://www.facebook.com/events/433330910049960/
Би биле благодарни доколку вашиот медиум отстапи простор и објави вест за
нашиот настан. За дополнителни информации слободно обратете ни се.
Ви благодариме за отстапениот простор и време.
Со почит,
Тони Димитров
tonidimitrov@gmail.com
+389 72 24 39 39

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: