Хуманитарна акција „Отвори го срцето, подари детство“

2

Во организација на иницијативата “СОЛИС социјална иновација” во кафе КИНО КАРПОШ на 6 април 2013 од 12 до 00 часот ќе се одржи донаторска акција под наслов ОТВОРИ ГО СРЦЕТО, ПОДАРИ ДЕТСТВО која има за цел собирање донации на обувки, облека, школски прибор, спортски реквизити и хигиенски средства и сл. за децата од домовите за деца без родители и заводи за згрижување и воспитување на деца и младинци, кои немаат основни средства за нормален детски живот. Да им подариме барем малку радост на овие дечиња преку најразлични донации, кои потоа ќе бидат класифицирани и распределени по домовите според нивните потреби.

Ако детството за повеќето од нас претставува збир на убави спомени на кои сентиментално се навраќаме, за други пак претставува тажна приказна која остава лузни.

Своите донации можете да ги оставите во КИНО КАРПОШ на 6 април 2013 од 12 до 00 часот

Дополнителни информации за настанот на фејсбук страната https://www.facebook.com/events/545552155489923/.

Со почит,
СОЛИС социјална иновација
www.solis.mk

Наша оценка за доверливост на апелот:
Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: