Хуманитарна акција на НГ Комити Скопје

4

Во Сабота е планирано делегација на Комити да замине во Тетово кадешто ќе ја продолжиме акцијата на Војводи и Фа и ќе им помогнеме на загрозените Македонски фамилии во Тетово. Истата акција се спроведува преку една Македонска црква во Тетово, така да потребно е сите да се вклучиме и да се направи голем придонес. Во ова време на поделеност кое преовладува во последниот месец помеѓу Македонците, мораме ние самите како Македонци да си помагаме и да покажеме дека се имаме еден на друг кога и да е потребно. Да поставиме пример како секој Македонец треба да се однесува, и со нашата помош да усреќиме неколку фамилии пред Новата Година.

Во оваа акција може да се вклучи буквално секој така да очекуваме голема масовност не само од Комити туку од сите Македонци.

Во САБОТА 29.12.2012 ќе има поставено пункт пред Соборната Црква од 12-16часот кадешто секој може да донесе некој прилог со кој мисли дека може да помогне. Добредојдена е секаква помош: стара облека, цедиња, филмови, книги, прехрамбени производи, пари, значи повторуваме секаква помош е добредојдена. Секој од вас има облека која не му е потребна, а истата може да спаси нечиј живот оваа зима.

Извор: Страницата на Навивачка Група Комити Скопје

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар

  1. Објавено од gasgasgsaasggasgas, на Одговори

    Respect!Bidete Humani!Verba vo Bog!

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: