Хуманитарна акција „Куќата на Дедо Мраз“

0

Тргнувајќи од помислата дека предновогодишниот период е совршено време за да направиме некого среќен и да предизвикаме многу насмевки, многу прегратки се одлучивме да ја организираме новогодишната хуманитарна акција „Куќата на Дедо Мраз“. Замислете дека Дедо Мраз е во својот дом и ве чека за да ја слушне Вашата желба.

Од 26 па до 31 декември овој хуманитарен настан ќе се случува во дрвената барака на булевар 1ви Мај, спроти Градската Саат Кула во Битола. Настанот ќе вклучи креативни работилници за деца, фотографирање со Дедо Мраз, читање на најубавите новогодишни сказни и изложба на новогодишни цртежи.

Во внатрешноста на објектот ќе бидат поставени пунктови за донации (облека, играчки, нерасиплива храна и финансиски средства) кои ќе бидат донирани на деца од социјално загрозени фамилии и во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух Кочо Рацин – Битола.

Ве покануваме на гости во куќата на Дедо Мраз, во периодот од 26 па до 31 декември, секој ден од 10 до 19 часот. Да покажеме хуманост, да предизвикаме радост кај оние на кои им е најмногу потребна.

Млади ентузијасти кои веруваат во магијата на празниците и моќта на хуманоста: Елена Стојчева, Марија Петровска, Ана Петровска и Маја Кузмановска.

Настанот е поддржан од Министерство за култура на РМ, Општина Битола, НУ Центар за Култура – Битола

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: