Хуманитарен турнир во мал фудбал

4

д 12-ти до 23-ти овој месец Прилеп ќе биде домаќин на четвртиот Хуманитарен турнир во мал фудбал што годинава ќе се одржи под мотото „Сите заедно за спортот“, а во чест на големиот празник „Св. Никола“, патронот на Прилеп.

Организатори се Општина Прилеп, Стопанската комора на Македонија и конфекциската фирма „Комфи Ангел“ од Прилеп. Средствата што ќе бидат собрани ќе бидат донирани во прилепската болница „Борка Талески“ за купување мамограф. Во акцијата ќе бидат вклучени и здруженијата кои делуваат во превенцијата за борба против ракот на дојка „Борка“ и „Животна искра“.

– Турнирот ќе има награден фонд од 9.000 евра од кои 5.000 ќе бидат за освоено прво место, 3.000 за второ и 1.000 евра за трето место. Тоа ќе предизвика интерес како во Македонија така и во регионот. Предвидено е цената на билетите за првите натпревари да изнесува 30 денари за кои се добива и розева панделка, а на завршните наптревари да изнесува по 50 денари. Сите собрани средства ќе бидат наменети за купување на мамографот, рече градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија.

Турнирот, додаде, кој е поддржан од Фудбалската федерација на Македонија, ќе има и ревијален дел на кој ќе настапат фудбалски легенди, политичари и стопанственици. На паузите на натпреварите присутната публика ќе ја забавуваат македонски естрадни ѕвезди.

Извршниот директор на Стопанската комора на Македонија Јелисавета Георгиева информира дека тренер на екипата на стопанственици ќе биде Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора и додаде дека на 16 и 23 декември ќе биде организиран превоз од Скопје до Прилеп за следење на натпреварите.
Директорот на „Комфи Ангел“ Ирена Јакимоска посочи дка очекува сите 12 дена додека трае турнирот, Прилеп да биде обоен во розево, во знакот на розевите панделки за да се запрашаат граѓаните зошто е тоа така и повеќе да се информираат за ракот на дојката.

– Сите 32 екипи кои ќе учествуваат на турнирот ќе треба да платат и одредена котизација која исто така, ќе биде наменета за набавка на мамографот, рече Јакимоска.

На 19 декември во Прилеп ќе биде организирана и традиционалната светиниколска трпеза со посни сарми, а присутните ќе ги забавуваат Блага Петреска и Синтезис.

Извор: 10bez10.com, a1on.mk

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: