Хуманитарен настан- донации за седумдетното семејство Цветаноски

5
    • ПРЕВЗЕМЕН НАСТАН од ТУКА
      Сабота 17ти Август од 16 до 19ч, во малото паркче пред Про Кредит Банка, на самиот почеток на бул. Партизански Одреди во о. Центар.

Драги фејсбукџии и драги твитерџии,

Ве покануваме да ги отворите срцата и колку што сте во можност да донирате храна, облека или финансиски средства за 9 членото семејство од с.Црешнево во Македонски Брод. Седумте малолетни дечиња живеат во екстремна сиромаштија и го немаат детството кое што секое дете заслужува да го има. Затоа е и овој повик за донации со кои сакаме барем малку да им го олесниме нивното трогателно секојдневие и да ја вратиме насмевката на детските лица.
А тие насмевки немаат цена!

При тоа, доколку решите да донирате храна Ве замолуваме поради големите горештини кои владеат во овој период од годината да одберете храна која има подолг рок на траење: масло, брашно, тестенини, конзервирани продукти и слично.

За животната приказна на ова семејство можете да прочитате тука:http://0.mk/cvetanoski

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: