Хуманитарен настан “Дојди, подари радост”

1

Фондацијата Т-Мобиле за Македонија, заедно со “Самосвест”, Тинекс, ЕВН и Myprint ве покануваат на Хуманитарен настан-донирање на стара облека, играчки, ЦД-а, книги и слични предмети кои се во добра состојба и не ги употребувате, а некому можат да му бидат од корист.

Собирните пунктови се на 19 и 20 мај (овој викенд) и 26 и 27 мај (следниот викенд) на две локации во Скопје, на плоштад Македонија и пред ТЦ Бисер во населбата Аеродром, во период 11.00-15.00 часот. 
Собраните предмети ќе бидат понудени на продажба, по симболични цени, во рамките на хуманитарната распродажба „Дојди. Подари радост!“ која ќе се одржи на 2-ри јуни 2012 година, а собраните средства ќе бидат наменети за Одделението за психијатрија за деца и младинци и ЈЗУ Психијатриска болница Скопје.
ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ, ТОА ШТО НАМ НЕ НИ ТРЕБА НЕКОМУ МНОГУ МУ ЗНАЧИ! ДА ДОНИРАМЕ, ДА ПОМОГНЕМЕ!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: