Хуманитарен концерт за Мартина Милошеска и Бранкица Димитровска

0

На 19 Мај, со почеток во 19:00 – 23:55 часот,во спортската сала “Младост”во Гостивар ќе се одржи хуманитарен концерт за помош на Мартина Милошеска и Бранкица Димитровскa.

На концертот ќе настапат повеќе Македонски ѕвезди, кои со своето присуство ќе ни покажат дека хуманоста треба да ни биде главна особина и дека нашето малку, некому му значи многу!

Ве покануваме и Вас да присуствувате на овој концерт и со присуство да докажете дека навистина хуманоста ни е на прво место и дека со задоволство ќе помогнеме на лицата кои имаат потреба од нашата помош!

Бидете и Вие дел од овој концерт… Подарете небо за една насмевка!

Поддржано од здруженијата за лица со посебни потреби:
„Хендикеп Плус“ и
„Ден Деница“

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: