Хуманитарен концерт за лицата со ХИВ

2

По повод Светскиот ден на борба против Сидата, на први  декември ќе се одржи хуманитарен концерт со оперски арии за поддршка на лицата со ХИВ.

Организатор на концертот е Групата за поддршка на лицата кои живеат со ХИВ во Македонија „Заедно посилни“.

Ристина Николова, лице за односи со јавност во Македонската опера и балет денеска на прес-конференција рече дека на концетот ќе настапат солисти од МОБ и иструменталисти, а ќе бидат изведени дела од Чајковски, Доницети, Верди, Пучини, Брух итн. во пијано придружба на Јанинка Невчева, Андреја Наунов и Милан Јанкуловски.

Координаторот на „Заедно посилни“, Андреј Сених истакна дека Групата има 15 членови од вкупно 70 кои живеат со ХИВ во Македонија.

– ХИВ инфекцијата е заболување како и секое друго, не е се пренесува преку социјални контакти и нема причини луѓето да бидат отфрлени. Со постоечката антиретровирусна терапија животот на овие лица може да биде многу нормален, здрав, долг, продуктивен и квалитетен. Имаме евидентирано три случаи во кои работодавецот дознал за ХИВ статусот, имало некаков тип дискриминација и укажувања лицата да не доаѓаат повеќе на работа, додаде Сених.

 

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: