Завшен хуманитарен концерт за Данијал Алија-Дино

2

Превземено од: http://thejournalist.mk

КАДЕ: КЛУБ ХАВАНА, Скопје

КОГА: 25 септември 2015

Данијал Алија е младо 20 годишно момче на кое пред извесен период му беше дијагностициран Јуингов Сарком (Ewing Sarcoma) кој претставува коскен тумор од малигна природа кој метастазира во значително потешка болест. Досега е извршена операција со која се остранети дел од клетките, но сега следи понатамошна рехабилитација во Турција која вклучува хемотерапија и други лекарства за кои се потребни финансиски средства. Со оглед на моменталната ситуација и потребните финансии се организира хуманитарен концерт во петок, во летниот клуб Хавана. Влезниците од хуманитарниот концерт ќе бидат донирани за лекување на младиот Данијал Алија. Семејството Алија ги замолува сите оние кои се во можност да донираат, додека тие кои не се во можност да присуствуваат можат да помогнат преку споделување на овој линк, да донираат преку трансакциона сметка или следните телефонски броеви.

Трансакциона сметка – Комерцијална Банка – 300 – 00703731115 – 27

Телефонски броеви:

– Т-Mobile – 070/143 – 105

– One – 075/143 – 171

– VIP – 077/143 – 779

Да бидеме хумани, да се обединиме за еден млад живот, за нашиот Дино

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: