Завршен апел – Да му помогнеме на Влатко и неговите керќички, хумана мисија за подобар живот

5

Превземено и организирано од : Коалиција Боите на животот

“Влатко живее во скопската населба Припор. Тој има две дечиња: девојче (10) и машко (5). Девојчето треба да појде во 3 одделение. Пред неколку години сопругата починала. Владимир е сега сам, живее со неговата стара мајка која се грижи за децата и за домот. Нивната куќа е многу трошна. Живеат во многу скромни и сиромашни услови. Тој е занаетчија, заварувач и без постојана работа. Сам направил кревет за неговите две дечиња. Се обидува да изгради соба за децата. Сам работи каде што ќе најде можност за да добие некој денар за да ги прехрани децата. Децата, две анѓелчиња! Прекрасни и полни со детска радост и желба за живот.
Г

Речиси им треба се: бела техника, ТВ, радио, компјутер, работи за домот- прекривачи, јоргани, завеси, теписи, намештај, храна , школски прибор, за децата НАЈМНОГУ од се им треба помош во парични средства и градежни материјали, за да може Влатко да изгради нова соба на децата.
За таа цел, Ве молиме, доколку сте во можност да донирате градежни материјали, покуќнина или парични средства и да им помогнеме со својата добрина на оваа фамилија !

Бидејќи неговите сметки не функционираат, отворивме жиро сметка на име на неговата ќерка.
Донации на сметка: 
НЛБ Тутунска банка, број 210-5016899938.98 па кој сака може да донира парични средства.
За повеќе информации контактирајте ги КОАЛИЦИЈА БОИТЕ НА ЖИВОТОТ на маил: unamkd@gmail.com ,

додека телефонот на Влатко е 078 330 741.

Ви благодариме хумани луѓе. “

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: