Хумана акција-Солидарност за оние кои имаат помалку

4

Тимот на Донации го превзема текстот од Блогот на Тамара Атанасовска

#солидарност за оние кои имаат помалку

 

Здраво Интернет,

Пред скоро еден месец, баба ми по своето редовно враќање од црква во приквечерните часови, не ја направи својата стандардна рута и да си влезе во собата, туку видно вознемирена влезе во мојата.

Ме замоли ако можам да и дадам 100 денари. Ми звучеше многу чудно затоа што никогаш не се случува, па ја прашав да ми раскаже што е работата. Со насолзени очи ми ја раскажа приказната за жената и нејзината ќерка, кои ги запознала кога работеле во Каритас (народна кујна на католичка црква), 40 и нешто годишна жена и нејзината 20 годишна ќерка која има некоја психичка болест, и заради која не може да работи туку мора да остане да ја чува. Баба ми решила да собира по 100 денари од сите што ги знае за да и однесе нешто. Не ме разбирајте погрешно, ама баба ми е многу прагматична жена, од оние од стар ков што го штедат секој денар, па нејзиното инсистирање да му се помогне на некој ми беше доволен показател дека работата е итна.

Пишав статус на фб и твитер некој да донира стара облека да почнеме од некаде, да ги облечеме – фала и ептен на Јованка која реагираше најбрзо што може и им однесовме јакни. Во меѓувреме и една организација ми пиша приватно дека ќе помогне па решив да не ја окупирам јавноста со ова прашање кога има многу вакви приказни, но за жал, ништо од тоа не се оствари.

Живеат во трошна куќичка, како што рече баба ми, од социјална помош која им доцни, со многу големи долгови на струја. Кога им најавив дека можеби ќе им помогне организацијата, од некаде најдоа ќумбе за дрва, но немаат олуци, а ни дрва.

Јас и баба ми ве замолуваме ако имате нешто од следниве работи да споделите:

– јоргани (затоа што немаат никакви) за покривање
– некое парче топла облека (овде морам да напоменам дека потребни се многу големи броеви)
– донација за да им купиме олуци и некое дрво – знам дека се многу пари дрва за цела зима но барем дел да се покрие некако
– некоја тегла ајвар или било каков друг прехрамбен продукт

Јас и баба ми ќе ве чекаме во 12 часот во недела пред католичка црква од каде блиску се стига до домот на овие две жени, кои ќе можете да ги посетите со нас ако сакате. Ви благодариме за помошта однапред. И најмалата помош на некој може да му го смени животот.

Еве го мојот email: tamara.atanasoska20@gmail.com ако ве интересира било каква информација.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: