Грижата за болната мајка ја натерала Ружа да биде подобра ученичка

8

Помош може да се донира на 200002591310275, Стопанска Банка на име Сузана Георгиев Дураншиќ.

Ружа, девојчето херој од денеска е во училиште. Таа е седмооделенка во основното училиште „Ѓорче Петров. На омилениот предмет часот по историја ја учеше новата лекција. Со голема радост и поддршка од нејзините другарчиња ја почна школската недела. Се ближи крајот на учебната година, а со тоа и надежта дека покрај добрите оценки  во подобро здравје ќе биде и нејзината мајка.
Мајката на Ружа е во болница на лекување, девојчето е сместено кај нивните најдобри пријатели. Деновиве треба да замине на операција. Но, по операцијата жената ќе треба да се врати во старата куќа во Чучер Сандево каде нема струја и вода. Ружа неколку пати во денот полни вода од селската чешма.
Мајката и ќерката досега живее населбата Ѓорче Петров, но мајката поради инвалидност не ќе може да работи и да плаќа кирија за овој дом. Бараат помош. Многумина се јави ја во Канал 5 телевизија да му помогнат на жиро сметка  200002591310275 Стопанска Банка на име Сузана Георгиев Дураншиќ.

Донации има од хуманите граѓани. Најоргинален е гестот на една новопечена невеста која во поканата за свадбата напишала да не и купуваат цвеќе. Наместо тоа парите да ги остават во кутија за донација за храбрата Ружа и нејзината мајка.

ИЗВОР/ВИДЕО: Канал 5 Вести

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: