Голем хуманитарен концерт ‘Ѕвездите за Данило’

0

На 19ти Септември на Градскиот Плоштад во Скопје ќе се одржи хуманитарен концерт за малиот Данило кој боледува од леукемија. Ѕвездите од Македонската Естрада повторно ќе ја покажат својата хуманост и ќе запеат за да му подарат живот на 3-годишното момче на кое му се потребни големи парични средства за потполно излекување…
Ајде сите заедно со Ѕвездите на Македонското Естрадно Небо да излеземе и со својата хуманост да спасиме еден млад човечки живот.

Македонската Радио Телевизија ќе овозможи директен сателитски пренос со што граѓаните ќе можат да го проследат концертот и пред малите екрани кои својата хуманост ќе можат да ја покажат со помош на телетонот преку кој со повик ќе се донираат парични средства.
Покрај телетон, можност за донација ќе биде овозможена и преку аукција на уметнички слики од најпознатите македонски сликари.
Концертот ќе биде поддржан од голем круг на личности од Македонската Јавност и Естрадната Сцена.
Ви благодариме однапред за вашето присуство…
Беоеви за донација:
070/143-183;075/143-155;077/143-183

Организатор:
Two Hearts Production
Промотори:
Елена Ристеска и Игор Узунов
Менаџер: Ќазим Асотиќ
PR: Елена Трајковска

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: