ФУДБАЛСКО КУМАНОВО ЗА НИКОЛА

1

Превземено од http://kude.mk/vesti/865-fudbalsko-kumanovo-za-nikola

Конечно и нешто конкретно за помош на малиот Никола кој се наоѓа на постоперативен третман во Турција и за чие лекување се потребни вкупно 100.000 евра, кои неговите родители не се во можност самите да ги обезбедат.

Со добра волја на одговорните луѓе во Фудбалската федерација на Македонија, а на иницијатива на Општинскиот фудбалски сојуз и неколкумина истакнати поранешни фудбалери од нашиот град, и во содејство со вработените во ООУ „Кочо Рацин“ каде што настава посетува Никола, во четврток  на 13 Март во 18 часот во Спорстката сала во Куманово ќе се одигра ревијален хуманитарен натпревар во мал фудбал помеѓу ветераните и поранешни фудбалски репрезентативци на Македонија и фудбалските ветерани од нашиот град. Потврда за учество на овој натпревар веќе пристигна од неколку познати фудбалски имиња, меѓу кои секако и фудбалските легенди од Куманово, Вујадин Станојковиќ и Саша Ќириќ. Настанот е под покровителство на ФФМ и одобрен е од првиот човек на оваа организација Илчо Ѓорѓиевски. Веќе многу познати спортски имиња се вклучија во самата организација и ја помагаат на начин кој им е најдостапен, а ние се надеваме дека и останатите граѓани и голем број на фирми ќе се приклучат на оваа акција и ќе донираат средства во рамки на своите можности.

Пред почетокот на овој фудбалски спектакл, во предигра ќе се сретнат репрезентацијата на сите основни училишта од градот против составот на ООУ „Кочо Рацин“. Цената на влезниците ќе чини симболични 50 денари, а собраните средства ќе бидат донирани за успешно лекување на Никола и негово враќање во училишните клупи. Влезниците ќе се продаваат во основните училишта и на неколку продажни места во центарот на градот.

Ова е вистински потег и добар пример како треба да се реагира кога некој наш сограѓанин има потреба од наша помош. Неодамна се појави слична идеја и кошаркарите на Куманово да прогласат еден свој натпревар за хуманитарен и на тој начин дополнително да му се помогне на семејството Вулетиќ. Никогаш не е доцна и секоја помош е добредојдена, па затоа веруваме дека раководството на клубот многу бргу ќе излезе со иницијатива за ХУМАНИТАРЕН КОШАРКАРСКИ НАТПРЕВАР, без разлика дали ќе биде ревијален или натпреварувачки(официјален).

Во име на семејството Вулетиќ упатуваме голема благодарност до сите поединци и фирми кои до сега донираа средства за лекувањето на нивниот син, и секако до сите кои кои дадоа идеја и учествуваат во организација на оваа акција, ФУДБАЛСКО КУМАНОВО ЗА НИКОЛА.

Ние се надеваме дека и вие ќе купите влезница по симболични 50 денари и дека ќе бидете присутни на фудбалскиот дуел помеѓу ветераните на МАКЕДОНИЈА И КУМАНОВО, во четврток на 13 Март во 18 часот.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: