Ѕвездите ќе запеат за Боро Стајиќ

3

Црвениот Крст на град Скопје со соработниците организираат голем хуманитарен концерт во Скопје на 3-ти април. Целта е да се обезбедат финансиски средства кои му се неопходни на Боро Стајиќ да го продолжи своето лекување.

На хуманитарниот концерт ќе настапат врвни имиња од македонската музичка сцена: Нокаут, Леб и сол, Игор Џамбазов, Бени и Нон Стоп, како и танчери и ѕвезди од шоуто Танц со ѕвездите.

Генерални покровители на концертот се „Универзална Сала“ – Скопје и „Инфомедиа Системи“.

Инаку, Боро Стајиќ има 18 години, но животот му е полн со неизвесност и тешки предизвици. Пред неколку месеци, при скок во вода, се здоби со тешки повреди на 4 / 5 р’бетен пршлен. Како последица на повредата има целосна парализа на рацете и нозете (tetraplegia).

– Неговиот, но и нашите животи добија сосема поинаков тек. Од тогаш, единствена желба ни е да оздрави, да ја поврати функцијата на рацете и нозете и да живее достоинствен и исполнет живот. – велат организаторите. – Вашата хуманост и Вашите донации за нас се драгоцени. Ни помагаат многу, бидејќи чувствуваме дека не сме осамени во нашата мака, имаме надеж, верба и сила да издржиме.

Цената на влезниците изнесува 500 денари. Истите може да се купат на продажните места на Купи Карти За Се или онлајн.

Бидејќи заедно можеме повеќе!

ХУМАНИТАРНИ СМЕТКИ ЗА ДОНАЦИИ:
Денарска сметка:
Сметка: 210700000600857
Назив: Луиза Стајиќ за лекување на дете Боро Стајиќ
Банка: НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, ул. Водњанска бр.1, Скопје

Девизна сметка :
IBAN Code: MK07210501594890345
Name of account owner: Zoran Stajikj
Bank name: NLB Tutunska Banka A.D. Skopje , Vodnjanska br.1 Skopje
SWIFT : TUTUNMK22

Телефонски броеви на кои може со еден повик да донирате 100 денари:

070/143-112 (само од Т-Мобиле)

075/143-171 (само од ОНЕ)

077/143-402 (само од ВИП).

—–

Превземено од sarma.mk

Наша оценка за доверливост на апелот:
Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: