Завршен апел : Донирајте за Јоце

0

После 24 годишна макотрпна и тешка борба, јас и моето семејство сме на граница на експлозија од среќа. После сè, ПРОГРЕС за мојот брат ЈОЦЕ … Претпоставувам “се искачува”.

Во Јануари 2011 год. доби покана од Руската Клиника ” NeuroVita” за трансплантација (пресадување) на матични клетки, која ќе овозможи неговата диjагноза ”церебрална парализа” да се излекува. Тој е инвалид во количка, неможе сам да се движи, негови  помагала се патерица од едната страна и некоја особа од другата.

Сега има шанса да се излекува и да продолжи самостојно во понатамошниот живот. Цената за престој, на одделението со придружно лице и вкупното траење на програмата на третирање од 2 години базирана на матични клетки, чини 70 000 евра. Јас и моето семејство не можеме да си овозможиме толкава сума на парични средства, па затоа потребни се донации од секој вид на хуманитарна акција како и индивидуална хуманост.

До сега беше на 3 третмани во НеуроВита,( во јануари, во мај и во октомври 2011) Има огромен напредок. Најпрвин почна да лази,да се постави во таа положба, бидејќи никогаш уште како бебе не го можел тоа. Потоа да седи на стол без потпирачи, да јаде сам на маса без да му се потресуваат рацете и нозете, значи спазамот целосно изчезна. Потоа почна да прави подобри чекори без да ги плетка нозете една во друга, па почна да стои сам на две патерици, најпрвин потпран на ѕид, бидејќи немаше доволно рамнотежа, а сега од третиот третман веќе се движи фатен за двете раце однапред со помош на друго лице. Се чувствува многу посвежо, помоќно и неговиот  организам целосно ги прими матичните клетки, без да изумрат барајќи си го своето место во оние клетки кои се изумрени.

Руските доктори се позитивно изненадени од подобрувањето на мојот брат. Дури 70% има подобрување во нозете само од двата третмани. Резултатите од испитувањата покажаа дека мозокот во целост почнал да си праќа дрзаби до нозете и рацете. Сега учи како да го одржува балансот на своето тело.

Во јануари треба да оди  на 4-ти третман ( убризгување на матични клетки 5 дози/шприца + целосна терапија со вежби, масажи) , треба да остане 30 дена и тоа ќе чини 10 000 ЕУ, што искрено моето семејство повеќе нема енергија од каде да ја пронајде оваа сума на пари. Затоа ве замолувам доколку сте во можност донирајте на било каков начин, на телефонски број на ОНЕ , на жиро-сметки, или пак со присуство на некоја од наредните хуманитарни забави што ги организираме јас и мојата сестра со помош од нашите пријателчиња.

Достапни се жиро сметки за донации во следниве банки:

За Јовица Блажевски , хуманитарна донација на:

*Стопанска банка АД – Скопје: трансакциска сметка 200000207845578
*Комерцијална банка АД – Скопје: бр.на сметка 300007071578620
*NLB Тутунска банка – Скопје: трансакциона сметка: 210-5016352013.14
* NLB Tutunska Banka – AD Skopje, Vodnjanska no. 1, 1000 Skopje

IBAN Code MK07210501635201314
SWIFT TUTNMK22
Jovica Blazevski
ul.Vlae br 55 Karposh, Skopje
R. Macedonia

Телефон за донација:
075/143-850    (само за корисниците на ONE) 

….Почетоците се обично застрашувачки, а краевите тажни, но не и во овој случај. Позитивниот став можеби не може да ги реши сите негови проблеми, но може да предизвика доволно луѓе сето ова да го направaт вредно за вложениот труд и напор.

Никогаш не се запрашуваме за значењето на животот додека сме среќни и задоволни, но во овој момент се прашуваме и потребна ни е таа хумана моќ и подршка. Потребна му е таа трошка радост да го исполни во целост неговиот душевен мир.

Хуманоста не познава граници!!!

Насмевката добро му стои! Што би дал, да му ја задржиш оваа насмевка :)?

—————

Извор: Фејсбук

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: