Завршен апел :Донирај за Јапонија

0

Можност за донација од граѓани, организации и компании од Македонија за настраданото население во Јапонија.
Катастрофалниот земјотрес и цунамито кои ја погодија Јапонија предизвикаа големи материјални штети и човечки загуби. Во знак на солидарност со народот во Јапонија, граѓаните, организациите и компаниите во Македонија можат да дадат поддршка во напорите кои ги презема Јапонскиот Црвен крст за помош на настраданото население погодено со катастрофата.
Средствата можат да се уплатат во Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија на жиро сметка: 300000001327966, даночен број 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака за настраданото население во Јапонија, како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви:

Т Mobile: 070 143-400

ONE: 075 143-400

VIP: 077 143-400.
Средствата можат да се донираат до крајот на месец март 2011 година и истите ќе бидат префрлени на Јапонскиот црвен крст за настраданото население.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: