Донирај облека, сега!

0

 

 

Ве инспирира зборот колективна моќ? Да, ние заедно ја имаме таа моќ, имаме моќ да исполниме нечија потреба, моќ да ја подигнеме свеста кај останатите! На 11 Јуни имате шанса да станете дел од заедницата на волонтери на Црвен Крст и да се здобиете со оваа моќ!

11 Јуни сабота, плоштадот во Скопје, 12:00ч

 

 

Во соработка со Црвен Крст на град Скопје, по втор пат организираме кампања за донирање на облека која ќе се одвива во Скопје на 11 Јуни! Ги поттикнуваме членовите на нашата веб страна да превземат иницијатива, и да разгледаат во својот гардеробер за да пронајдат парчиња облека кои би сакале да ги донираат!

До сега наоѓавме оправдување дека немаме време да направиме вакво добро дело, и ветувавме дека наското ќе бидеме хумани…но, повеќе немаме оправдување. Со оваа кампања одредивме датум на кој Вие ќе треба да резервирате малку време. На овој датум ќе се разбудите и ќе кажете – Денес ќе бидам хуман! Ние ќе ве чекаме на плоштадот во центарот на Скопје за да ја примиме облеката да ви се заблагодариме во име на оние кои ќе и се радуваат, и секако да се сликаме за да им покажеме на оние кои ќе го пропуштат овој настан!

Првата кампања која беше организирана на 11 Декември 2011 резултираше со успех кој се надеваме дека ќе го дуплираме овој пат! Доколку сакате можете да ги погледнете фотографиите од настанот тука!

Што треба да направите?

 

—–
Извор: fancy.mk

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар

  1. Објавено од irena, на Одговори

    zasto nema poveke pati vo godinata

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: