Завршен апел: Да му помогнеме на семејството Свеќароски од Прилеп

5

 

На 17 мај 2014 година во пожар елосно изгоре куќата на семејството Свеќароски од Прилеп, на улица “Цане Илиески” бр.17.

Се што семејството на Трајче со години создавало, се исчезна во еден миг. Не остана ништо од неговиот дом, покуќнина, мебел…не остана ништо од неговиот долгогодишен труд нешто да се создаде…

  Сè уште не може да се справат со шокот што го преживеале, со последиците од пожарот, па како што вели сопственикот на куќата Трајче Свеќароски, сопругата и ќерката постојано бараат лекарска помош. Немаат каде да живеат. Близок роднина им отстапил стара куќа, но велат во неа речиси и да нема услови за живот. Се наоѓаат во безизлез, бидејќи никој не е вработен. Не знаат како натаму ќе се справат со животот. За нив сега се превисоки трошоците само за градежниот материјал за да се стави покрив врз куќата.

   Свеќароски се надеваат дека хуманите луѓе ќе им помогнат,барем колку да се сместат под свој покрив, во својата куќа, а потоа велат како и досега со мака и труд, со работа по нивите повторно ќе се борат со животот.

НИЕ МОЖЕМЕ ДА ПОМОГЕМЕ СО УПЛАТА НА ЖИРО СМЕТКА:

250-0290003907-14

Шпаркасе банка АД Скопје

на име: Трајче и Гога Свеќароски

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: