Завршен апел: Да му помогнеме на семејството Кочоски од Скопско Драчево

3

Со четири малолетни деца и петтото на пат, семесјтвото Кочоски од Скопско Драчево веќе со години живее на работ на егзистенцијата. Родителите, Благе и Даниела се со години невработени, со мали примања, со 8500 денари кои ги примаат како додаток за трето дете.

Освен што немаат средства за нормална егзистенција и никакви приходи, тие немаат ни свој покрив над главата. Со години живееле под кирија, на места од кои многу често биле избркани поради неможноста редовно да ги плаќаат давачките. Сега се сместени во куќичка во Драчево која им е дадена додека подобро не се снајдат, од страна на еден љубезен сограѓанин, но тоа  е привремено решение.

Најстарото дете е трето одделение, сестричката ќе појде во прво одделение, на нив им се потребни и книги и наставен материјал и помагала кои семејството не може да ги обезбеди…

А во секое време имаат недостаток на средства за хигиена, средства за оджување на домакинството, облека, храна , обувки и матеијална помош.

Сите кои сакаат да помогнат со парична помош, истата може да се уплати на :

 трансакциската сметка на Благе Кочоски koја  е

2 000 2030 0825 9075 – ХАЛК БАНКА.

За материјална помош во намирници, облека, храна, покуќнина  и слично, слободно јавете се на 077 627 856.

Лице за контакт: Благе Кочоски

Информацијата е објавена на НОВА ТВ

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

3 коментари

  1. Објавено од peperutka, на Одговори

    sedat doma i samo deca pravat a ne mislat deka sekoja covecka edinka ima potrebi potoa ke cekaat donacii

  2. Објавено од majka, на Одговори

    tie sto ne sakaat da pomognat ne moraat .ama nemaat pravo da osduvaat kako nekoj zivee i kolku deca “pravi”neka si go gledaat svojot zivot kakov im e.

  3. Објавено од Vesna, на Одговори

    Tie sto kritikuvaat ne znaci deka ne sakaat da pomognat. Ima razlika. Kolku i da mi e zal za lugjeto, ne mozam da ne zabelezam, deka prvo treba da si pomognat oni sami. Koga vekje gledaat deka nemaat pari i za tie deca, sto ja dupliraat nesrekjata so doagjanje na novi deca na svet. Znaci barem tolku svest moze da se ocekuva vo 21. vek.

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: