Завршен апел :Да му помогнеме на Јовица Блажевски

0

Јовица  Блажевски е 23-годишен млад  човек, кој е инвалид со дијагноза – церебрална парализа , diplegia spastica (повреда на малиот мозок за рамнотежа, како што би кажале медицинска грешка, превисока температура во инкубатор), но се уште е полн со ентузијазам дека може да му се помогне во оздравувањето.

После 23-годишна макотрпна и тешка борба на семејството Блажевски, тој доби лекување (пресадување на матични клетки) во Москва, Русија во болницата NeuroVita – Клиника за Интервентна и Ресторативна Неурологија и терапија, кое ќе се случува во декември 2010. Ова е  засега единствена шанса и надеж на неговото семејство.

Договорот е со печат и потпис од Клиниката во Русија, се уште не е потпишан од  страна на Јовица, бидејќи во моментот на потпишување треба да се платат 21.000 евра на трансакциска сметка во банката. Тие се уште ги немаат собрано паричните средства и затоа не можат да добијат профактура со целокупниот износ на сумата на пари за лекувањето како и конкретниот датум. Доколку не се плати до декември, термин се одложува за непознат временски период.

Според правилата на Фондот за Здравство на РМ, овој третман на пресадување матични клетки спаѓа во гранка  на медицината која не е класична операција, па затоа за  жал, не може да покрие и помогне  ваков тип на лекување ниту со 10%  како резултат на што и одделот на Неурологија не издава лекарско конзилијарно мислење за испраќање на лекување во странство.

Тоа значи дека семејството треба приватно да се обврзе да го плати ова лекување или да се откаже од него. За нив сумата е недостижна, ниту остварлива, затоа што работи само таткото со 10.000 денари месечни примања, кои не се доволни ниту за скромен живот на три деца, 2-ца студенти, мајката мора да се грижи за Јовица, така што не се во можност  да го платат третманот на пресадување на матични клетки кој чини вкупно 70.000 евра, во период од  2 години зависно од дијагнозата.

Достапни се  жиро сметки за донации во следниве банки:

* Стопанска банка АД – Скопје: трансакциска сметка 200000207845578

Стопанска банка АД – Скопје, Донации од странство/ Foreign donations: девизна сметка МК07200002228427649 ЕU

*Комерцијална банка АД – Скопје: бр.на сметка 300007071578620

*NLB Тутунска банка – Скопје: трансакциона сметка: 210-5016352013.14

NLB Тутунска банка – Скопје, Foreign export earnings instructions
IBAN Code MK07210501635201314
SWIFT TUTNMK22

За донирање преку броеви од операторите:
T – Mobile : 070 143 106 и       Vip : 077 143 706

————

Извор: On.net

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: