Да му помогнеме на Јоце Блажевски

3
Преземено од ТУКА

 После сите 7 успешно поминати третмани во Клиниката во Москва, ни остана уште последниот 8-ми третман. Јоце стои поцврсто, поисправено, посамостојно и со поголема самодоверба. Чекори полека со помош на дубак и мојата мајка придржувајќи го. Затоа ве замолувам од се срце да ни излезете во пресрет и да ни помогнете ,Јоце да ја оствари својата цел ,самостојно да зачекори после сите тешки борби и напори. Да не го оставиме кон самиот крај.

За Јоце се активни донациски броеви за донирање од трите мобилни оператори:
**** ВИП: 077 143 314 (само за Вип корисници)
**** OНЕ: 075 143 401 (само за Оне корисници)

Жиро сметки:
* NLB Тутунска банка – Скопје: 210-5016352013.14
*Стопанска банка АД – Скопје: 200000207845578 со назнака “Донација за лекување на Јовица Блажевски”

Покрај овој начин на донирање за Јоце може да купиме од  хуманитарните изработки за собирање донации за лекувањето на Јоце Блажевски (третман со пресадување на матични клетки)во Москва.

Продавницата каде може да направиме избор, нарачаме и со купувањето да помогнеме во лекувањето, како и сите информаци за Јоце е на следниов линк http://cukisquilling.mk/ или на фб страната Хуманитарни Изработки за ЈОЦЕ – Цвеќиња од Хартија

„Прекрасен пар млади луѓе изработија бесплатен сајт со цел да ни помогнат да ги промовираме и продаваме нашите изработки за лекувањето на брат ми Јоце во Русија и сите вие што сакате да донирате и да ни помогнете тој да замине на последното лекување можете да си нарачате по некоја новогодишна изработка и да си го украсите домот а да допринесете со насмевка и благодарност ! Повелете предновогодишно!“ – 

Да нарачаме украс и да му помогнеме на Јоце.

За неговиот последен третман со матични клетки во Москва,потребни ни се 13 000 Евра. Третманот беше закажан за во Август, но сеуште немаме собрано доволно средства и секој месец им одложуваме на русите бидејќи не постигнуваме со донациите. Последен пат им кажавме дека во Ноември би требало да дособереме,но ни недостигаат уште 4000 ЕУ.

Јоце е херој, борец, човек со големо срце. Но тој не е сам во оваа борба, тука е неговото семејство, неговите сестри, неговите пријатели, тука сте Вие хумани луѓе.

Однапред ви благодариме на донацијата и срдечноста!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: