Да му помогнеме на Даниел со потребните лекови

15

Даниел е едно прекрасно момче на 35 годишна возраст, кој боледува од ретка болест Huntington Chorea. За неа нема лек, но има суплементи кои би го подобриле неговото здравје, а не се наоѓаат на позитивната листа.

Ајде да му помогнеме да го подобри квалитетот на својот живот, да може да ужива во него, да заработува за себе и сам утре да си ја обезбеди терапијата која му е потребна.

Да бидеме хумани и да му помогнеме на Даниел.

Списокот со лекови не е мал и ако не помогнеме ние со нашата хуманост и големо срце, Даниел не може сам да ги обезбеди.

Даниел не бара пари, само ако на некој од Вас драги пријатели не му требаат следниве лекови, или ги имате висок или едноставно денеска сакате да бидете хумани – ДОНИРАЈТЕ – од лековите или препратете го списокот на потребни лекови.

Споделувајте така може да помогнеме.

Да покажеме и докажеме дека заедно можеме.

Списокот на потребните лекови е следен:
Q10 enzim100mg na den.
Omega 3,6,9 od 2000mg,
Selen,
Soja Lecitin,
Germanium 134.
Multivitamin od A do Z,
Calcium,
Magnezium(hlorid, oksid) 400mg,
Cink, B6,
Spirulina,
Folna kiselina,
Surutka (Whey Protein) 4kg na mesec ,
Dekstroza,
Kreatin monohidrat,
Glutamin
i BCA.

За секој што може да донира бар нешто од лековите и додатоците може слободно да го контактира Даниел на 078335256.

Даниел би бил пресреќен и задоволство му е да се запознае со хумани луѓе и да ги подигне донациите.

Да помогнеме

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: