Завршен апел: Да му помогнеме на Александар Димков

0

Млад човек (33 год.), невработен, оженет и татко на малолетно дете. Човек кој виртуозно музицирајќи на својот кларинет често пати од срце допринесувал луѓето да заборават на своите секојдневни грижи, проблеми, маки и страдања.

Боледува од тумор на десното око, а после сите потребни извршени испитувања на повеќе клиники во Македонија, ПОТРЕБНО МУ Е ИТНО ЛЕКУВАЊЕ, кое во нашата земја е неизводливо. Лекување од ваков вид е можно само во Москва на Институтот Фјодоров, за што има добиено препорака од сите досега консултирани клиники во Македонија, Бугарија и Србија.

Бидејќи лекувањето е доста скапо, (изнесува околу 4000 евра), ДА НАПРАВИМЕ СЕ ШТО МОЖЕМЕ И ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА АЛЕКСАНДАР, како би отпатувал во Москва што поскоро, бидејќи секое одолговлекување на лекувањето може да има поразителни последици по неговото здравје.

Средствата може да се уплаќаат на име:
Димков Александар -трансакциска сметка
200 0002418000 40 – депонент Стопанска банка Штип.

——–

Извор: Фејсбук група

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: