“Да ја напишеме најубавата новогодишна честитка” на Telegraf.mk

2

Телеграф.мк започнува со Новогодишна кампања: “ДА ЈА НАПИШЕМЕ НАЈУБАВАТА НОВОДИШНА ЧЕСТИТКА “ на Фејсбук.

“Да ја напишеме најубавата новогодишна честитка!

Вклучете се и помогнете ни да ја напишеме најубавата новогодишна честитка во електронска форма за децата без родители од домот „11 Октомври“!

На 12 декември, преку страницата на „Фејсбук“ „Да ја напишеме најубавата новогодишна честитка“, Телеграф ја почнува акцијата за донација за децата без родители, нудејќи им можност да се вклучат на општествено одговорните компании и дипломатските претставништва во земјава.

Содржината на честитката ќе ја пишуваат читателите на Телеграф. Ќе почнеме со поставување на еден збор во статус, а читателите ќе треба во делот за коментари да даваат предлози со кој следен збор ќе продолжи текстот на честитката. Збор по збор, сите заедно ќе ја напишеме честитката преку која ќе им посакаме среќни новогодишни празници на децата од „11 Октомври“.

На бизнисмените, дипломатите и сите граѓани кои сакаат да бидат хумани им нудиме можност да донираат и да допишат збор. Во финалната верзија на честитката ќе има линк до зборот што го допишале што ќе води до кратка видеопорака до децата без родителска грижа.

Собраните средства ќе бидат искористени за да се опреми кујната на домот, како и за реновирање на просториите каде што престојуваат децата.

Следете ја нашата страница на „Фејсбук“ и покажете ја вашата хуманост.

Вашите донации можете да ги направите на жиро-сметката на Домот за деца без родители „11 Октомври“.

Цел на дознака: Да ја напишеме најубавата новогодишна честитка

Трезорска жиро-сметка: 100000000063095 НБРМ

Донаторска сметка: 150010259378511

Приходно конто: 725939 / Потпрограма: 32 / Образец: П50

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: