Завршен апел :Да им помогнеме на Тања и нејзината ќеркичка Кристина

7

Драги пријатели.

Да одвоиме од нашето МАЛКУ и да помогнеме онаму каде навистина треба.

Тања е 30-годишна невработена самохрана мајка на 8-годишната Кристина.

Тие живеат под кирија, без никаков приход, без никаква роднинска помош ни поткрепа, без никакви средства за опстанок…Оставени сами на себе. На ова мало семејство им е добредојдена  секаква помош, во храна, облека, покуќнина, материјали за учење, книги, финансиска помош, понуда за работа на мајката…

Ајде да помогнеме на едно дете. Да и покажеме на малата Кристина дека светот е добар, дека животот знае да биде и убав,  и дека има се уште добри луѓе на овој свет. Да ја вратиме насмевката на двете лица, на Мајката Тања и керката Кристина.

Телефонскиот контакт, сите кои се заинтересирани да му помогнат на ова семејство, може да го побараат на нашиот мејл:

mail@donacii.mk

ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ЧОВЕЧНОСТА!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: