Завршен апел:Да им помогнеме на Игор,Спасе,Никола и Филип!

1

На возраст од седум до 13 години секојдневно патуваат со воз до Велес за да ги посетуваат настава во основното училиште “Васил Главинов”. Железничката станица Рајко Жинзифов” е нивниот втор дом. Од селото доаѓаат на станицата и со часови го чекаат возот со којшто патуваат до и од училиштето. Нивниот татко Ванчо вели дека со тешко срце ги гледа своите деца како се мачат. Игор, Спасе, Никола и Филип не добиваат ни кифли за ужинка како сите други ученици во училиштето.

Семејството се соочува со доста финански проблеми но не ја губат надежта дека некои од институциите ќе им помогнат. Нивниот татко вели дека ако треба тој нема да јаде, ама нема да дозволи неговите деца да не одат во училиште.

Затоа, АПЕЛ ДО СИТЕ ХУМАНИ СРЦА отворена е жиро сметка на која можете да ја дадете Вашата помош за овие четири дечиња.

200001425395689 Стопанска банка,Ванчо Попов.

Линк до целата сторија: Игор, Спасе, Никола и Филип немаат пари ни за кифла!

Група на Фејсбук: Помош за Игор,Спасе, Никола и Филип

И уште еден апел поврзан со оваа приказна која ги засегна голем дел од граѓаните на Р. Македонија, посебно се однесува на Битолчани

-Апел до сите хумани луѓе од Битола кои сакаат да им помогнат на овие дечиња и да донираат облека, храна, школски прибор и слично да ме контрактираат мене со цел да се договориме на кое место во Битола ќе се изврши акцијата и после тоа да ги пратиме во Скопје кај дечките кои ќе ги достават до Спасе, Никола, Филип и Игор. Да се обратат кај Петар Димов

Доколку хуманите луѓе сакаат да контактираат со таткото или пак со Игор, Спасе, Никола и Филип можат да го сторат тоа на телефонот 077 846 037.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

3 коментари

  1. Објавено од Ema, на Одговори

    Dajte broevi za doniranje. Toa bi bilo najpametno

  2. Објавено од ana, на Одговори

    Da ne kazuvame komentari kako treba, tuku koj saka neka uplati na shalter vo stopanska.. ne e teshko. Pozdrav za humanosta!

  3. Објавено од kikinda, на Одговори

    se vo red da mu pomogneme na decata – ama kolku mozeme nie??? treba vladata alooo vladata i tamosniot gradonacalnik da pomogne ccc

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: