Да им овозможиме подобар живот на децата! Биди хуман, донирај!

5

Превземено од Мак Тифо:

Тимот на Мак Тифо со гордост ви ја најавува првата хуманитарна акција, за децата од СОС детското село. На ден 10.02.2013 (недела) со почеток од 12 часот до 16:00ч пред соборната црква ќе биде поставен пункт каде ќе можете да ги извршите вашите донации. Секаква помош е добредојдена, стара облека, книги, цедиња, списанија, парични средства или било што што мислите дека ќе им помогне на дечињата е добредојдено.

Секој има по дома нешто што не му е потребно, а сепак го чува. Бидете хумани и донирајте го, само така би им го подобриле нивниот живот и ќе им дадеме мотив за понатака, дека не се заборавени. Тие се нашата иднина, тие се деца Македонци. Не се работи за донација од Комити, Војводи, Фемили, ЦПБ, Чкембари се работи за сите навивачки групи, донација од секој Македонец. Затоа Македонци раширете го овој настан и сите сложно да помогнеме, од срце!

Мак Тифо

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: