Завршен апел за помош на Тетка Митра oд Велес

4

Превземено од фб страната и организирано од Д’хуманист 

Monika Petkovska :


Сите ние имаме проблеми, разно разни. Секојдневно се нервираме за глупости, а сето тоа влијае на нашето здравје. Оваа жена, оваа кутра жена може да биде “победник” во споредба со нашите проблеми. Митра е моја комшика која секојдневно ја гледам, секојдневно и давам по некој денар. Нејзе ја знам од кога знам за себе. Кога се роди брат ми, и кога ке испадневме да го шетаме во количка, Митра стално ни помагаше со мајка ми, ја дигаше количката при скали, ја буткаше по горништа. Таа има 52 години. Веќе 6 години нема струја. Дома и е хаос. Никој до сега од моите комшии не се потрудил да направи нешто за неа, освен да ја пријават дека собира шишиња. Таа е човек со големо срце, и покрај тоа што нема за јадење, оброкот го дели со нејзиниот мачор којшто го спаси од улица. Живее во куќа која што буквално е пред распаѓање. Има 2 соби, претсобје и купатило кое што воопшто не ни личи на купатило. Можеби некои од мове “драги” комшии кога ќе видат што сум објавила ќе се изнасмеат, во тоа сум сигурна. Летоска и однесов 3 вреќи со облека, но нејзе моментално и требаат многу работи, ПРЕМНОГУ. Почнувајќи од најтешкото- СТРУЈА, храна, средства, прибори за домаќинство итн итн итн. Нејзе и треба нов дом затоа што во вакви околности нејзиното здравје ќе се руши… Луѓе ве молам, ве молам од срце да и помогнеме на оваа кутра жена, остатокот од животот да го живее како што треба, како секој нормален човек. Јас знам само еден начин да и помогнам- наредниве неколку дена да наместам штанд со кутија за донирање… Сите вие кои што сте во можност да донирате парични средства, храна, , и сите работи кои што му се потребни на еден човек да дојдете и да ДОНИРАТЕ. Исто така кој сака може да дојде да донира и храна за нејзиниот миленик, да не го заборавиме и него. Ви благодарам што одвоивте време да прочитате.


секој што сака да донира може да пише во инбокс  на Д’хуманист  или да ги побара дечките на  078 202 951-Моника и 077 815 078 Виктор!

ПРЕД СЕ СЕ ПОТРЕБНИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ДОИЗГРАДБА И РЕНОВИРАЊЕ НА КУЌАТА НА ТЕТКА МИТРА, ХРАНА И ХИГИЕНСКИ СРЕДСТВА.

11032149_10153309587968149_7031863118997061204_o

Д’хуманис

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

2 коментари

  1. Објавено од Makedonikus, на Одговори

    Dali mozebi postoi smetka na koja bi mozel da i ispratam pari???

  2. Pingback: Собирна акција за помош на тетка Митра во Скопје | Донации

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: