Завршен апел:ДА И ПОМОГНЕМЕ НА СНЕЖАНА КИТАНОВА

2

Апелот за помош е завршен.

Пред две години преку Младинскиот Совет на општина Струмица се организираше хуманитарна акција за младата струмичанка Снежана Китанова, која имаше канцерогено заболување, од која акција се собраа парични средства за лекување во странство.

24-годишната Снежана беше излечена од оваа болест, меѓутоа таа се појави повторно и тоа во уште полоша форма, метастазирано во многу делови од телото и од ден во ден се повеќе се шири.

Во најкус можен рок, Снежана мора да оди на лекување, на операции коишто се премногу скапи, па затоа се молат сите хумани луѓе, кои се во можност, финансиски да и помогнат, во рамките на своите можности.

Средствата можат да се уплаќат на име Снежана Китанова, со трансакциска сметка број: 210501585494537 во НЛБ Тутунска Банка.

Да ја охрабриме повторно Снежана, да ја покажеме нашата големина и хуманост и да и помогнеме да излезе како победник во тешката борба со оваа болест.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: