Завршен апел – Да и помогнеме на една самохрана мајка

9

Драги пријатели

Ни пристигна барање за помош од една мајка, која мора сама да се грижи за своите две дечиња.

Мајката и децата се моментално сместени во општинска куќа во Скопје, со примања од само 4500 денари социјална помош. Без никаква можност да им обезбеди подобро детство на своите две дечиња, мајката замолува да и се најде работа со што таа би можела да застане на нозе и да  може самостојно да се грижи за своите деца. Тие се во незавидна финансиска состојба, струјата им е исклучена, привременото живеалиште им е обезбедено до крајот на годината….

Секој кој може да понуди пристојна работа за мајката, или пак да помогне со храна, облека, средства за хигиена, домакинство, облека за дечињата, може да ни пише на мејл : mail@donacii.mk и ќе му дадеме контакт со мајката.

Да покажеме дека имаме големи срца!

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: