Завршен апел:Да донесеме радост кај три дечиња и нивните родители

4

Почитувани, ајде да донесеме радост во очите на уште едно семејство.

Ни пристигна барање за помош во гардероба за дечињата на едно скопско семејство, ви го приложуваме мејлот во прилог.

Ние сме 5-члено семејство од Скопје.Живеевме под кирија,но заради немање финансии за да ја плаќаме истата ,едни пријатели ни одстапија спрат од куќа и не ни земаат ни денар за тоа.Бевме вклучени и во хуманитарната акција БЛАГОВЕСТ,која од не знам кои причини,беше прогласена за неуспешна.Мојот сопруг беше невработен,но моментално е сезонски ангажиран во зимска служба и тој ангажман ќе трае до 15 март,а јас сум невработена.Единствено од што имаме потреба во моментов е облека за нашите три малолетни дечиња од кои машкото е на возраст од 12 години и 2 девојчиња од кои едното е на возраст од 8 години а другото е на возраст од 17 месеци.Доколку може да ни се излезе во пресрет за облека би биле многу благодарни.

Сите кои сакате да помогнете на било кој начин, можете да ни пишете на нашата мејл адреса mail@donacii.mk и да го добиете контакт телефонот со семејството.

Благодарни,

Тимот на Донации.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: