Завршен апел за пронаоѓање на Маја Блажеска

1

Се заљубила и избегала од дома: Две недели нема трага од 14 – годишната Маја

Солзи и тага во домот на семејството Блажески во село Лешани. Родителите 12 дена трагаат по единственото чедо, четиринаесет годишната Маја.

Велат, голготата започнала пред три недели, кога Маја преку Фејсбук се запознала со некое момче, Албанец по националност од Скопје. Се вљубила и еднаш избегала од домот, но по неколку дена после пријавата во полиција се вратила.

Второто бегство го направила минатиот вторник од тогаш и се губи секаква трага.

-Ги замолувам сите институции полиција, влада, луѓето кои ме знаат и не ме знаат, медиумите, сторителот на делото ако сака да ја каже вистината и да го најдам девојчето. Оти јас имам едно девојче и тоа ми е се. Или девојчето да ми се јави дали е жива, вели Ристо Блажески татко на исчезнатата Маја.

– Овде како што седевме ме заклучи мене и отиде кај колата се обиде да ја запали, но не палеше колата. Ме виде мене дека излегувам и избега само чекорите два и ги видов. Отидов надолу да ја барам, но трага не најдов, вели Марица Блажеска мајка на Маја.

Маја имала намера да замине со момчето , но тој во својот исказ тврдел дека таа не стигнала кај него. Бабата се сомнева дека таа  ја напуштила државата.

– Се јавив на телефон недостапна, пет шест пати се јавив недостапна. Еднаш ја добив достапна ми се јави велам Маце кај си појдена?, рече бегаме бабо преку Бугарија и толку ми исклучи, повеќе не се јави, вели Милица Блажеска баба на Маја.

Жителите на Лешани бараат институциите да помогнат во пронаоѓање на девојчето.

– Се работи за живот за едно дете од 14 години, а институциите да не преземат мерки е срамота во денешно време. Си играат мајтап со човекот оди во оваа врата оди во онаа врата, изјави Крсте Митрески член на МЗ Лешани.

Семејството Блажески живее во сиромаштија, на масата во трошното куќарче денес стои албумот со сликите и спомените од  насмевките на Маја од нејзиното раѓање  до нејзината полуматура.

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: