Завршен апел за помош

0

Едно малку поинакво писмо, но со иста порака како и другите, потребна е Наша помош!

Писмо од еден наш и ваш пријател.

Долго ми требаше да го напишам ова писмо, и неколку пати го започнував.
Се чуствувам многу ниско и тажно пишуваќи го ова, но очигледно ги исцрпив сите ресурси и можности.
Ми останавте само вие. Ќе се чуствувам и одговорен ако и ова не го споделам со вас, иако се сомневам , дека и вие, како можеби и јас со недоверба ќе го читате, или верувам и недочитатае овој пост. Знам дека никому не му е лесно.
Но ете и мене ми се случи да морам да побарам ваква помош од вас.
Имав проблеми од финансиска природа, не е битно какви, и се борев како лав со нив.
Стигнав до , еве да речиме , подносливо нивно решавање, кога се се сруши повторно.

Пред скоро месец дена ми се случи сообраќајна несреќа во која за среќа јас и сопругата останавме живи. Јас со скрешени ребра, набиеници и неспособност да се мрдам скоро месец дена, таа со хематоми и драсканици.

Сметаме дека господ не чувал и ни подарил нов почеток.
За жал, лекувањето, некои инекции кои приватно треба да се купат не коштаа по 40 евра денот за една ( по две наутро и навечер за двајцата ) па успеавне да се задолжиме во аптека веќе со сериозна сума која ги надминува сите наши можности и можностите на пријателите и семејството. Ако речам 5000 евра, веројатно ќе речам малку.
Но , тоа во основа не битно . Веќе нема ресурси кои не сум ги искористил. Наводно фондот , после постапката ќе ги рефундира тие средства, но не пократко од година од денес. Што да ви кажам. Ми се здрвуваат рацете кога понатаму пишувам, ама веќе не знам што да смислам.

Решив од Вас да побарам една скромна сума од 60 денари.

Доколку имате можност да издвоите 60 ден од , вашиот верувам скромен буџет, ве молам уплатете ги на трансакциона сметка 200001546158652 на име Ацески Сашо при Стопанска Банка АД Скопје.

Им благодарам на сите хумани луѓе што ќе ми излезат во пресрет и ќе ми помогнат !

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар

  1. Објавено од Marika, на Одговори

    navistina treba da bideme humani i da pomogneme site

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: