Завршен апел за помош за топол дом на милениците

1

Писмо кое ни стигна од една наша пријателка,

Почитувани,Ви пишувам бидејќи на моја пријателка и е потребна помош. Се работи за Даниела Груевска, жена од Скопје која живее во стан од социјална помош. Таа таму чува околу 30 кучиња кои ги собира или од улица или од стационарот Вардариште и им ја дава потребната нега и љубов. Она се грижи за оние заборавени души, болни, шугави, хендикепирани, инвалиди, слепи, изгладнети кои секојдневно ги одминуваме на улица без да им подадеме рака. Истовремено пробува да им најде траен дом откако ќе бидат соодветно терапирани.
Со помош од неколку добронамерни луѓе таа пробува да им обезбеди колку што може грижа. Тука спаѓа секојдневна исхрана, прегледи на ветеринари, превоз за до ветеринар, апчиња за прочистување, витамини, шампони за болви и крлежи, вакцинации, стерлизиација, кастрација, разни операции и подолги лекувања, средства за дезинфекција итн. Зависно од третманот потребен за одредено куче. Таа се има целосно посветено на нив и нејзината хуманост нема граници.
Истовремено пробува да нахрани и дваесетина други маалски улични кучиња. Нејзината љубов спрема животните е неопислива.
Затоа, ве молиме најмалку што можете да направите е да направите оглас на вашата фејсбук и официјална страна и да биде почесто објавуван.
И едноставни 50 денари месечно би помогнале многу. Во прилог ќе ви пратам неколку слики од кучиња кои се лекувале кај нејзе како и слика од ветеринарната сметка каде што може да се уплатат донациите. Сите други кои би сакале да донираат би можеле лично со нејзе да се договорат на 078313656, да се уверат во сликата и да и ги предадат донациите.
Добредојдена е секаква финансиска помош, како и храна, лекови, витамини, околувратници, каишки за шетање, стари ќебиња итн.
За слики од кучињата можете да ја исконтактирате преку емаил Јована,( jovana.trajkoska@hotmail.com) или телефонски договорете се со Даниела.Со почит,
Јована Трајкоска
Наместо цел за дознака Лана треба да биде “За Даниела”
Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: