Завршен апел за помош за семејството Милованови

3

Да му помогнеме на семејството Милованови од Скопско Кадино, чија куќа, заедно со целокупната покуќнина, целосно изгоре во пожарот во Јануари 2014 год.

Досега, со донираните средства од Општината семејството успеа да ја избетонира само првата плоча од подрумските простории.
Сега е потребно донирање во градежен материјал, за да може изградбата побрзо да дојде во својата завршница.

Затоа секоја помош во градежни материјали, цигли, цемент, песок, усиемал, ќерамиди, дрвена граѓа и др. е добредојдена.
Доколку во вашето соседство имате стовариште или фирма која мислите дека може да помогне, може да ги контактирате членовите на ова семејство.
Се надеваме дека и овој пат дарувањето ќе се покаже на дело со позитивни резултати.

Контакт со семејството сите добронамерни хуманитарци можат да добијат на нашиот мејл : mail@donacii.mk.

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: