Завршен апел за помош за семејството Јошески

7

Нашите сограѓани, четричленото семејство Јошески, по последните поројни дождови, куќа имаат, но, дом исто како да немаат. Сериозните оштетувања овој дом го претвориле во руина. Покривот е веќе паднат, а и темелите веќе не држат. На Јошески им треба итна помош за санација на домот.

Куќа имаат, дом немаат. Сонот со години им е како пајажина оти се плашат дека зданието старо преку еден и пол век секој момет може да им се сруши врз глава. Собрани сите само во една соба, а материјално немоќни сами да преземат нешто, нашите сограѓани, четиричленото семејство Јошески бараат помош за да ја поправат куќата, на која, последните поројни дождови и го одзеле и тоа малку живот што го имало во неа. Паднатиот покрив, разјадените темели, распуканите ѕидови кои секојдневно продолжуваат да пукаат, животот на овие луѓе им го престориле во кошмар.

Од семејството никој не е вработен. Живеат од негата што ја добиваат за таткото кој веќе шест години е болен. Синот Мартин е штотуку дипломиран доктор по ветеринарна медицина и е без работа, а на куќата и треба итна санација, или, изградба барем на две нови соби во дворното место што го имаат, колку да се приберат.

Јошеска раскажува дека и во минатите години барала помош од локалните власти, кои, одвреме навреме и излегувале во пресрет за што им е бескрајно благодарна. Ама, сега, после последниот дожд, потребата од нечија поголема помош станала неминовност. Таа е благодарна и на Комисијата од Скопје која дошла на увид ден после дождовите, ама, како што вели, време за чекање немаат, бидејки куќата секој момент може да им се сруши врз глава.

Стопанска Банка АД Скопје
Сметка 200002563143027
Јошески Мартин
071/375-488

http://youtu.be/1r1MRHM1hT4

http://youtu.be/KiVRdcmx5R0

http://www.sitel.com.mk/dozhdovite-ja-urnaa-kukjata-na-chetiri-chleno-semejstvo-vo-prilep

 

Извор: martinco1987.blog.mk, Фејсбук профил на Мартин Јошески

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: