Заавршен апел за помош за обновата на храмот „Св. Атанасиј“

9

 

Изгоре црквата Свети Атанасиј Велики во Богданци. Пламените јазици скоро до темел го уништија духовниот дом на православните христијани од овој град. Пожарот кој избил утрово околу десет часот  за кратко време ја уништил целата внатрешност на црквата.  Материјалната штета е огромна, но благодарение на брзата интервенција на противпожарните екипи и несебичната помош на граѓаните спасени се поголемиот дел од иконите  во храмот.
Причините поради кои избувнал пожарот засега не се утврдени. Тоа ќе биде познато откако надлежните органи комплетно ќе ја завршат истрагата. Црквата Свети Атанасиј Велики во Богданци датира од 1830 година, односно тогаш започнала нејзината изградба, а чинот на осветување се случил дваесет години подоцна,  во 1850 година.

Доколку би сакале да помогнете, односно да учествувате во обновата на Градската парохиска црква „Св. Атанасиј Велики” во Богданци истото можете да го сторите на жиро-сметката на МПЦ-Повардарска православна епархија во НЛБ Тутунска банка бр: 210040688821710, со цел на дознака: за обнова на црквата „Св. Атанасиј Велики” во Богданци, или да се обратите за информации на телефон 043/ 221 – 231 во седиштето на МПЦ-Повардарска православна епархија на ул. „Ѓоре Органџиев” бб – Велес, а исто така можете и да го контактирате старешината на црквата – свештеник Димче Ставревски на телефон 078/ 200 – 258.

075 143 133 Донаторски број од мобилниот оператор ОНЕ, преку кој можете со еден телефонски повик од мрежата на ОНЕ да донирате 100 денари за обновата на опожарената црква во Богданци. Бројот ќе биде активен до 16. 07. 2015 година.

Превземено од: Сител  и  Повардарска епархија

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар

  1. Објавено од sasko, на Одговори

    ima li opcija za dnacija nadvor od Makedonija?

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: