Завршен апел за помош на Живко Ангелески

10

Превзмено од Клуб на млади – ООЦК Крушево

Да му помогнеме на 49-годишниот Живко Ангелески од Крушево, татко на две малолетни деца, кој има потреба од парична помош за испитување и трансплантација на бубрег.

Живко оди на дијализа веќе три години, а состојбата се повеќе му се влошува и итно му е потребна трансплантација на бубрег. 

Семејството е петчлено и живее со социјална помош и нега, кои не се доволни за лекување на болеста на Живко. Во наредниот период потребно е да се извршат анализи за компатибилност на бубрег и следен чекор би бил транплантација доколку се најде компатибилен орган, а потоа ќе следува постоператвно опоравување.

Потребна е сума од 2 000 евра за испитувањата и операцијата. Затоа потребно е итно да се соберат парични средства за да се отпочне постапката за лекување.

Ве молиме да се приклучите на оваа акција, колку можеме да им помогнеме. Собраните парични средства се уплаќаат на

жиро сметка 240207017398477 Уни банка АД Скопје

на име Живко Анѓелески.

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: