Завршен апел за помош на загрижената мајка

6

За некои болести ретко се говори и потешко се дијагностицираат, што е голем проблем доколку вашето дете боледува од таква болест. Но, што е полошо, се случува да таа болест воопшто не е така ретка, а кај нас сеуште се третира како таква. Една таква болест е целијакијата.        

Целијакија или Целијачна болест е хронична автоимуна болест што се карактеризира со неподносливост на организмот на глутен – белковина од пченица, јачмен, ‘рж и овес.

Целијакијата е многу распространето заболување. Главниот причинител е содржан во некои житни растенија и се нарекува глутен. Тој ја оштетува слузницата на тенкото црево и тоа постепено атрофира. Тогаш организмот ја губи способноста да ги апсорбира корисните материи – протеини, витамини, масти, јаглени хидрати.

Тешко може да се забележи дека детето не поднесува житни производи. Најпрво тоа станува раздразливо и каприциозно. Родителите обично не обрнуваат внимание на овие симптоми и ги припишуваат на растот на забите. Подоцна, кај овие деца, се јавува дијареа, која не исчезнува со вообичаена диета. Апетитот на детето се намалува, тоа започнува нагло да губи на тежина и стомакот му се зголемува. Нарушеноста на работата на организмот, предизвикана од целијакија, со тек на време може да доведе до анемија, рахитис, остеопороза, заостанување во менталниот развој и други компликации.

Основниот третман на целијакија е строга диета без присуство на глутен. Забраната се однесува на сите производи од пченица, ‘рж, јачмен, овес, вклучувајќи и леб, тестенини, банички, торти и колачи…    Глутенот го има не само во тестенините туку и во конзерви, кренвиршли, колбаси, кечап, соја сос, во концентрирани супи, па дури и во јогуртот. Тоа е така бидејќи производителите додаваат брашно како згуснувач во производите, но како состојка го нема на етикетите.

„Безглутенската храна е многу скапа за наши услови“- вели загрижената мајка која не инспирираше да напишеме за овој проблем. Таа е мајка која треба да ја обезбеди оваа храна неопходна за животот на нејзината ќеркичка. Вели дека нејзината плата не е доволна за исхара на болен кој е на овој вид на храна. А ова не е само нејзин проблем, туку и на многу други родители.

Оваа мајка побара помош од сите вас за да и го обезбеди она што и е потребно на нејзината ќеркичка..

„Никој не може да направи се, но секој може да направи нешто.“ Токму тоа да го покажеме. Да помогнеме!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: