Завршен апел за помош на Вероника Матеска

8

“Се викам Вероника Матеска, имам 41 година, боледувам од Dystrophia muscularis progresiva, поради што ми е потребно итно лекување во Република Кина.

Во годините кога треба најмногу да се радувам на животот со сите негови убавини и предизвици, како на приватен, така и на професионален план се соочив со сериозни здравствени проблеми. Борбата за највредното и најскапото нешто, Здравјето,ја започнав, но за да ја продолжам имам недостиг од парични средства.

Лекувањето ќе трае 4 недели, а ќе чини 28.000 американски долари и опфаќа:

4.имплантации на неврални матични клетки преку лумбална пунктура, 4 имплантирања на мезенхимни матични клетки со 4, сите лабораториски тестирања, секојдневни вежби за рехабилитација и третман со традиционална кинеска медицина, дневни лекарства, а во овие трошоци е пресметана и цената на собата на пациентот.

Ги молам сите хумани луѓе да ми помогнат, што поскоро да заминам за Кина и да продолжам во иднина да чекорам со сите ВАС.

Од мое лично име и од името на моето семејство, однапред се заблагодарувам на сите оние, кои ќе донираат парични средства.”

Вашата хуманост може да ја покажете со донирање на:

ЖИРО СМЕТКА БР. 210-5016722698

НЛБ ТУТУНСКА БАНКА НА ИМЕ ВЕРОНИКА МАТЕСКА

Контакт со семејството на 076270075

Превземено од  patokazmagazin.com.mk

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: