Завршен апел за помош на Томица Стојковиќ

1

При редовна анализа на крвта пред еден месец кај 12 годишниот Томица од Куманово била откриена акутна леукемија. По неколку дневниот престој на Детската клиника, Томица бил префрлен во кардиохирургијата Филип Втори. Таму 2 пати дневно прима крв и се бори со тешка форма на леукемија, која според лекарите многу брзо се шири. Поради компликации, Томица од пред неколку дена е во кома.

„Имаше компликации, се појави крварење, па се појави и излив. Сега најголем проблем е со крвта. Секој ден носев, т.е. се уште носам јас како дедо. Секој ден носам по 12, 20 некогаш и по 30 единици крв“, објаснува дедото на Томица, Митко Тасевски.

Откако Томица малку ќе закрепне, за најдоцна една недела мора да замине на операција во Берлин, Германија. Пресадувањето на коскена срж семејството Стојковиќ ќе го чини 230 илјади евра. Тие денеска добиле конзилијарно мислење од лекарите и допрва ќе бараат финансиска помош од Фондот за здравство, кој би требало да покрие 80% од трошоците.

„Операцијата секој ни вели како се решивте, таа е скапа? Ние знаеме дека е скапа, ама кога станува збор за човечки живот – тогаш не е скапа“, додава дедото на Томица.

Дедото на Томица вели дека им останало само да се надеваат и да веруваат во добрината на луѓето. На Томица освен пари, неопходна му е и крв од групата О+. Сите хумани граѓани можат да донираат по 100 денари на броевите за донации или неограничени средства на жиро сметката отворена во Стопанска Банка.

Порака до фирмите и компаниите.
Уплатете ги преостанатите 230 илјади евра кои им недостасуваат на семејството Стојковиќ за да можат нивниот дванаесет годишен Томица од Куманово да го однесат на трансплантација на матични клетки и на коскена срж во болницата во Берлин, Германија.

Уплатувањето на паричните средства за овој случај може да се изведе на следната трансакциона сметка:
200-002036283259 депонент на Стопанска Банка – Куманово

и преку донирање на следните броеви на мобилните оператори
070/143-444 (само од Т-Мобиле)
077/143-413 (само од ВИП)

 

АПЕЛОТ Е ЗАТВОРЕН.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

7 коментари

  1. Објавено од sena, на Одговори

    Luge so siroko srce isprakam apel do site da mu pomogneme na Tomica za da zivee i da bide pokraj svoite uste mnogu mnogu godini ….Jas sum optimist na site raboti taka da sum ubedena deka so pomos na site dobri luge koj ke mu pomognat na Tomica ke bide se vo red i i Tomica ke uspee da otide vo Germanija i ke se vrati zdrav kako sto i zasluzuva pozz do site gragani na mk i jas ve molam za pomos na ova detence pozzz od Italija..

  2. Објавено од Savka joldaseva, на Одговори

    Jas sum 20 godisna devojka od veles, finansiski nemozam da vi pomognam ama imam krvna grupa 0+ pa ako sakate javete mi se ili pisete na mojot facebook poraka i kazete mi kade mi mozela da doniram krv i da vi pomognam zaedno da go spasime toa dete.

  3. Објавено од joci, на Одговори

    so zadovostvo ke dadam krv o+ sum ostavete broj da se cueme

  4. Објавено од Tatjana, на Одговори

    So zadovolstvo i jas ke dadam krv O+. Ve molam ostavete broj za kontakt

  5. Објавено од Маја, на Одговори

    И јас сум крвна група О+. Значи доколку е потребно можете да оставите телефонски број да исконтактираме.

  6. Објавено од Соња, на Одговори

    ПОЧИВАЈ ВО МИР ТОМИЦА !

  7. Објавено од ..., на Одговори

    Prerano zamina…Pocivaj vo mir

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: