Завршен апел за помош на Стојна Глигорова

11

До сите хумани луѓе!

Имам 31 година и со верифицирана црнодробна цироза. Најверојатно од имуногено потекло.

Болеста е откриена 2007 година и од тогаш се борам со истата. Бидејќи болеста е посилна од организмот кај мене се појавија следните тегоби: малаксаност, крварење од нос. Неколку пати хоспитализација на ГЕХ клиниката не донесоа никакви резултати.

Примав крв и плазма но црниот дроб се уништи со гноење па поради тоа морам хитно на трансплантација на истиот во странство во Здравствената Установа Florence Nightingale во Истанбул – Турција, најдоцна до 20-ти Јуни.

За тоа ми се потребни 8.000 евра, но бидејќи сме приматели на социјална парична помош не можеме да ги најдеме потребните средства.

Мојот донатор на црниот дроб ќе биде мојата мајка.

Мајчината љубов нема граници, затоа и апелирам за помош бидејќи и јас сум мајка на две прекрасни ќерки заради кои се борам за моето лекување.

Сите оние кои се во можност и сакаат да ми помогнат да се вратам во нормален живот тоа можат да го сторат на следнава трансакциска сметка:

210501667091616 отворена во Тутунска Банка со цел: уплата за донација за лекување на Стојна Глигорова.

И најминималната помош од вас за мене е драгоцена.

Ви благодарам за Хуманоста и Разбирањето.

Со Почит

Стојна Глигорова

 

Извор

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

2 коментари

  1. Објавено од Sheran, на Одговори

    Би сакала да донирам преку телефон, не гледам телефонски броеви

  2. Објавено од Suzana, на Одговори

    Stojna, zosto ne podnesete baranje do mobilnite operatori za otvaranje broj za donacii? kontakt@t-mobile.mk

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: