Завршен апел за помош на Славче Шоповски

16

 

Дваесет и две годишниот Славче Шоповски боледува од цироза на црн дроб. Тоа е редок вид на заболување за кое во Македонија може да се најде само еден лек. И токму тој, Зинкомин му создава компликации на овој велешанец, кај кого лекарите болеста ја откриле по една година откако го лекувале од депресија.

– Во Македонија ги нема лековите. Еден од лековите роднина ми го купуваше од Германија или  од Грција, каде што чини 50 евра. Другиот лек треба да го купам од Данска или Холандија се вика Вилцин и чини 250 евра ,за едно пакување,  а мене месечно ми требаат две дози. Неможам да го купам бидејќи немам пари па затоа користам негова замена се вика Цинкомин но ми создава проблеми со тромбоцитите кои паѓаат кога го пијам. Тој лек единстевно е на позитивна листа и чини 360 денари. Другите два лека не се увезуваат во Македонија па мора некому во Данска и Холандија да испратиме пари за да ми го купи  или некоја аптека одовде да ми се нафати да го набави па јас да им го платам. Но немам пари, рече Славче.

Никој во семејството на Шоповски не работи. Горан Шоповски вели дека се обидел да им објасни на Фондот за здравство, на Бирото за лекови и на министерството за здравство дека лековите за ова ретко заболување треба повторно да ги вратат на позитивна листа но не успеал во намерата.

– Откако го пребродивме шокот и свативме со каква сериозна болест треба да водиме битка јас во неколку наврати се обидов да остварам контакти со трите државни институции. Бев во Фондот и кога ги прашав за лековите што му ги препишаа на Славче тие рекоа дека не ги знаеле. Од таму ме пратија во Бирото за лекови а тие пак во министерството за здравство. Си ја префрлаа топката додека јас очајнички се обидував да им докажам дека се работи за животот на мојот син. Јас немам пари да ги купам а не сакам да го изгубам детето. Без работа сум и ќе прифатам сешто да работам само да дојдам до пари кои ќе можат да бидат доволни за да набавиме лекови, рече таткото на Славче.

 

ГРАЃАНИТЕ КОИ ЌЕ САКААТ ДА ПОМОГНАТ, СО ПАРИЧНА ПОМОШ, МОЖАТ ДА ЈА ИСКОРИСТАТ ТРАНСАКЦИСКАТА СМЕТКА НА ГОРАН ШОПОВСКИ

210 501647265398 – ТУТУНСКА БАНКА

МОБ.ТЕЛ 076 47 05 11

 

Teкстот е превземен од Дума мк.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: